Петрушевски ја предводеше македонската делегација на состанокот на СЕЛЕК

Сподели со своите пријатели

Државниот секретар во Министерството за внатрешни работи во Букурешт, Романија, учествуваше на состанокот на Советот на СЕЛЕК (Центар за спроведување на законот на Југоисточна Европа).

Loading...

– Имав чест да ја предводам македонската делегација на овој значаен собир, на кој присуствуваа делегати од земјите членки, претставници на оперативните партнери и набљудувачи на СЕЛЕК. За време на состанокот дискутиравме и одлучувавме за клучни прашања поврзани со работата на СЕЛЕК. Беа разгледани и едногласно одобрени Годишниот и Ревизискиот извештај за 2024 година, како и Годишниот акциски и работен план за 2026 година. Исто така, беа усвоени заклучоците од групата за финансиски консултации, предлог-буџетот за 2026 година и петгодишниот финансиски план за периодот 2025-2029, вели Петрушевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски и Минчев на средба со граѓаните на Крива Паланка (ФОТО)

 

 

Во попладневниот дел од состанокот, се претставија процедурите за избор на нови директори на СЕЛЕК, а за директор на правни и внатрешни работи е избран македонскиот кандидат Јован Пешевски.

– Особено сум горд што со тајно гласање беше избран македонскиот кандидат Јован Пешевски за директор за правни и внатрешни работи на СЕЛЕК. Им се заблагодарив на делегатите за безрезервната поддршка за нашиот кандидат и ја потврдив заложбата на нашето Министерство за внатрешни работи за активно учество во натамошната работа и развој на СЕЛЕК, вели Петрушевски.

 

Loading...

 

На маргините на состанокот, Петрушевски оствари билатерална средба со генералниот директор на СЕЛЕК, Огуз Серкант Акин, на која, како што вели „уште еднаш ја потврдивме нашата отвореност и посветеност на партнерската соработка во борбата против организираниот криминал“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски и Минчев на средба со граѓаните на Крива Паланка (ФОТО)