„Го разбирам гневот на вработените кои немаат ниту плата, ниту здравствено осигурување“ вели директорот на Јавното претпријатие Сашо Петрушевски кој попладнево на прес конференција ги образложи причините за доцнење на платата што беше повод утринава камионите да не излезат на терен.
Според Петрушевски, претпријатието не е во финансиски проблеми, меѓутоа Управата за јавни приходи ја блокирала сметката на ЈП „Чистота и зеленило“ поради долг стар над 10 години, кој според директорот е фиктивен и се насобрал како резултат на енормна камата.
Вината е кај некои други претходници, меѓутоа вината која не знам каде е ќе ја бараме по судски пат и гревовите од некои други ги трпиме ние, пред се вработените бидјеќи да точно е до 31ви не успеавме да дадеме плата бидејќи сме блокирани поради оваа цела постапка, ни дадоа МПИН, решение со кое може да земеме плата во петок, но до денес нема разрешница до банка да испратат писмо за да нашата плата помине, бидејќи наводно немале право да дадат писмо – вели Петрушевски.
Доколку не се разрешат проблемите во интерес на претпријатието, тогаш нема да има закопувања на починати, нема да се изнесува смет и ќе дојде до еколошка криза во градот.
Ние редовно исплаќаме плати, ова е прв пат после осум години ние изразено со бројки, за 8 години сме земале редовна месечна плата, а прв пат поради блокада од УЈП не сме во можност да ја исплатиме платата. Моментот кога ќе ни дозволат да го реализираме овој МПИН ние ќе дадеме плата. Немаме никаков активен долг кон УЈП, бидејќи сите долгови кои биле активни се расчистени, должиме само последна месечна сметка која е редовна и ако не одблокираат ќе ја платиме веднаш меѓутоа се работи за некој фиктивен долг и не ми е познато како на 21 милион долг израчунале 36 милиони камата – изјави Петрушевски.

