Петрушевски: „Чистота и зеленило“ е сервис на сите граѓани на град Куманово (видео)

Сподели со своите пријатели

Откако денес пред просториите на управната зграда на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ преку прес конференција Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ упати критики дека оваа претпријатие се користи за политички маркетинг на СДСМ, со своја реакција излезе и директорот Сашо Петрушевски.

Беспредметно е да се одговара на некоја таква реакција од било кого па и од ВМРо-ДПМНЕ, бидејќи Јавното претпријатие 40 години постои и е сервис на сите граѓани во град Куманово, затоа што е јавно претпријатие и сметот не го изнесува на СДСМ или на ВМРО или на ДУИ, сметот е заеднички, основна задача е да го изнесува редовно. Не коси, не ги мете само улиците на СДСМ или на ДУИ или на ВМРО, ги мет ена сите граѓани и мислам дека ваквата реакција е беспредметна и мојот одговор е дека дека јавното претпријатие отсекогаш било и ќе биде во сервис на сите граѓани на град Куманово.

Што се однесува до проблемот во врска со паркираните возила на тротоарите пред управната зграда, Петрушевси вели дека тоа мора да биде така со оглед дека има недостаток на паркинг места, а освен нивните возила тука се паркираат и вработените од неколку министерства кои се лоцирани на истата улица.