Петровиќ: Им честитам на моите играчи што изгореа (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Куманово вечерва прослави голема победа над Работнички во рамките од 3. коло од Суперлигата. Успеа да го направи она што ниту една од 12 екипи во Првата лига не го направи во првите 24 натпревари, а тоа е да го победи најтрофејниот клуб во македонската кошарка.

Низа емоции и кај публиката и кај играчите вечерва имаше во Спортската сала во Куманово, а тренерот Петровиќ им се заблагодари на своите играчи за борбеноста што ја пружија на теренот.

– Им честитам на моите играчи што изгореа, почнавме во грч, и честитам и на оваа прекрасна публика што дојде да не поддржи. Да победеше и Работнички немаше да биде незаслужено, имаа контрола цело време над резултатот, ние се вративме, примивме две тројки, Мите Мираковски ни даде, погрешивме во одбрана, меѓутоа на крај ризикувавме со преземање. Што да кажам, горд сум на моите играчи и покрај сите проблеми што ги имавме за време на натпреварот. Голема победа за нас, мислам дека со оваа победа да не речам дека сме пред влез во топ четири, има уште да се игра има добри екипи, меѓутоа голема победа за нас, изјави Петровиќ.

https://www.facebook.com/kumanovskimuabeti1/videos/2105020103053559/

Loading...

Leave a Reply