Петнаесет земји обединети во европскиот систем за воздушна одбрана

Сподели со своите пријатели

Германската министерка за одбрана Кристина Ламбрехт рече дека 15 земји се согласиле да продолжат со плановите за стекнување на подобрен европски систем за воздушна одбрана.

Loading...

Ламбрехт, на маргините на состанокот на министрите за одбрана на НАТО, рече дека е потпишано писмо со намери за организирање заедничка набавка на опрема за таканаречениот европски небесен штит, под германска координација.

„Отворени сме за сите што сакаат да учествуваат во НАТО. Има интерес од неколку земји“, изјави Ламбрехт без да прецизира за кои други земји се уште се работи.

Германскаtа новинска агенција ДПА јави дека на церемонијата на потпишување присуствувале претставници на Велика Британија, Словачка, Норвешка, Латвија, Унгарија, Бугарија, Белгија, Чешка, Финска, Литванија, Холандија, Романија и Словенија.

С\ уште не е донесена одлука за тоа кој систем ќе се користи.

Германскиот канцелар Олаф Шолц кон крајот на август изјави дека Германија планира да инвестира многу во својата противвоздушна одбрана и дека системот ќе биде дизајниран така што ќе можат да се приклучат и европските соседи.