Петмина приведени во Куманово оти нападнале двајца малолетници

Сподели со своите пријатели

Пет лица од Куманово биле приведени вчера под сомнение дека неколку дена претходно во угостителски објект нападнале двајца малолетници.

Loading...

– На 07.01.2025, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Д.В.(19), Д.Ѓ.(24), Б.Д.(27), М.П.(24) и Н.С.(19), сите од Куманово, затоа што на 04.01.2025 во угостителски објект на улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово физички нападнале двајца малолетници, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од кумановската полиција, тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Спречен шверц на оружје, автоделови и ножици на ГП Табановце