Петмина кумановци добија награди од првата наградна игра „Биди ин, регистрирај се на МЕГАВИН“

Сподели со своите пријатели

Во чест на отворањето на новата интернет – платформа www.megawin.mk, Државна лотарија приреди наградна игра којашто траеше од 18 до 29 ноември.

Loading...

Во овој период сите регистрирани лица добија подарок, онлајн влезница за концертот „МЕГАСТАРС“ како и учество во наградната игра БИДИ ИН, РЕГИСТРИРАЈ СЕ НА МЕГАВИН.

 

 

На сцената, покрај којашто беше сместена четворочлената комисија, со помош на електронски генератор на броеви по случаен избор, од сериските броеви на онлајн влезниците на регистрираните учесници, се извлекоа добитниците на: 10 гејминг лаптопи Lenovo; 10 I phone 14 Pro, 5 луксузни патувања во Дубаи и еден автомобил BMW.

Исчекување, адреналин, возбуда и среќа се чувствуваше во СЦ „Јане Сандански“ за време на извлекувањето на наградените, чии имиња во продолжение Ви ги претставуваме.

Добитниците ги посетија просториите на Државна лотарија каде што се запознавме и ја споделивме радоста. На наше големо задоволство ни пристигнаа од сите краишта на државата.

Loading...

 

 

1. Мирослав Ристовски од Куманово работи 14 години во организација. Не очекувал било каква награда затоа што не бил информиран доволно за наградната игра. Мирослав беше извлечен за наградата Lenovo gaming лап топ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Активен е повикот за предлог културни манифестации за 2025 година (ВИДЕО)

2. Наталија Тасева од Скопје е добитничка на награда IPhone 14 Pro. Пресреќна за наградата, вели дека не успеала да присуствува на концертот Мегастарс, а информацијата дека е извлечено токму нејзиното име дознала од другар.

3. Џелал Мехмеди од Гостивар е добитник на Lenovo gaming лап топ. Пензионер од неодамна, претходно вработен во МВР. За себе вели дека е редовен играч на игрите на среќа на Државна лотарија. Сеуште пријатно изненаден од наградата.

4. Снежана Петровска од Штип е добитничка на Iphone 14 Pro. Нејзината ќерка се регистрирала на www.megawin.mk, го следела извлекувањето, па мобилниот телефон ќе биде новогодишен подарок за неа.

 

Loading...

 

5. Лиридон Тахири од Скопје е еден од 5те добитници на луксузно патување во Дубаи за двајца. Дубаи е негова голема желба и е пресреќен што му се остварила. Со нетрпение чека да го посети.

6. Петар Наумовски од Тетово е еден од добитниците на Lenovo gaming лаптоп.

7. Абдулќерим Реџепи од Тетово е добитник на мобилен телефон Iphone 14 Pro.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во кумановската касарна одбележан денот на Командата за операции (ФОТО)

8. Мартин Љубомироски од Скопје е исто така добитник на Iphone 14 Pro. Иако редовно игра Лото, решил да ја предизвика среќата и со новата интернет платформа на Државна лотарија, а со тоа обезбедил учество и во наградната игра. Веста дека е добитник на мобилен телефон му ја соопштил пријател кој присуствувал на концертот.

9. Сара Крстевска од Старо Нагоричане е добитничка на Lenovo gaming лаптоп. Таа е редовен играч на инстант лотарија и Лото. Пресреќна за наградата се пофали дека првпат добива некаква награда.

10. И Тања Додевска од Куманово е добитничка на Lenovo gaming лаптоп кој ќе биде новогодишен подарок за нејзиниот син кој со нетрпение ја чека да пристигне дома со наградата.

Loading...

11. Бојан Јовановски од Тетово е добитник на луксузно патување за двајца во Дубаи. Бојан мислел дека е голема шега кога неговиот колега се пошегувал со него дека ќе оди во Дубаи. Пресреќен е дека конечно ќе ја посети неговата дестинација од соништата.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец натепан во Скопје поради недоразбирање во сообраќајот

12. Столе Ѓорѓиевски од Скопје е добитник на Iphone 14 Pro. Се забавува постојано со игрите на среќа на Државна лотарија. Се регистрирал и на www.megawin.mk, но поради обврски со неговите близначиња не успеале да присуствуваат на концертот. Столе вели дека ова е одличен новогодишен подарок за неговата сопруга.

13. Славица Спасовска од Куманово е добитник на Iphone 14 Pro. Претходно има остварено помали добивки од игри на среќа.

Loading...

14. Бобан Тасевски од Штип е добитник на Lenovo gaming лаптоп. Се регистрирале сосема случајно кога забележале реклама на социјалните медиуми. Лаптопот ќе го искористат за работа.

15. Денис Мојсоски од Прилеп е добитник на патување во Дубаи за двајца. Тој е голем фанатик за фудбал. Два дена им биле потребни за да поверуваат дека се добитници на оваа награда. На ова патување ќе заминат со сопругата и едвај чекаат да поминат прекрасни мигови.

16. Аце Трајчевски од Битола е добитник на Iphone 14 Pro. Тој од негов другар слушнал за наградната игра. Вели дека од сега па натаму повеќе ќе игра игри на среќа.