Петгодишно момче во САД случајно го убил својот брат

Сподели со своите пријатели

Осумгодишно момче во американската сојузна држава Арканзас било застрелано и убиено од неговиот петгодишен брат, а локалните власти наведуваат дека пукањето било случајно, пренесува Си-Ен-Ен.

Loading...

„Ова е трагичен инцидент што можеше да се избегне. Не можеме доволно да нагласиме дека пушките треба да се чуваат безбедни и подалеку од дофат на деца“, рече шерифот на округот Џеферсон Лафајет Вудс Џуниор.

Тој подвлече дека сопствениците кои не се грижат соодветно за своето оружје секогаш се само дел од секундата од ваква трагедија.

Пукањето се случило во семејна куќа во предградието на Пајн Блаф, град со 40.000 жители сместен на околу 70 километри јужно од главниот град на Арканзас, Литл Рок.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кражбите во британските продавници поминуваат без обвиненија

Истрагата сѐ уште е во тек, а телото на момчето ќе биде пренесено на обдукција.

Непрофитната организација Everytown for Gun Safety (Градови во акција за безбедноста на оружјето) наведува дека забележале најмалку 126 такви престрелки оваа година и дека однеле 55 животи и повредиле 78 луѓе.

Минатата година се евидентирани најмалку 392 вакви настани, кои резултирале со 163 жртви и 248 повредени.