Многумина велат дека не можат да изгубат тежина поради нивниот „бавен“ метаболизам, а навистина и не знаат што значи тоа.
Метаболизмот е процес кој ги претвора храната и пијалокот во енергија, а ова се најчестите грешки што го успоруваат.
Кафе
Кофеинот го стимулира централниот нервен систем, кој може да го засили вашиот метаболизам за дури 12 проценти, предизвикувајќи да консумирате до 100 калории повеќе дневно.
Не јадете доволно често
Нутриционистите препорачуваат пет оброци на ден, дури и ако тоа е мала количина здрави ужини, како што се ореви или банани.
Исто така, треба да се напомене дека редовните оброци ќе спречат подоцнежно прејадување.
Целосно сте ги исфрлиле млечните производи
Популарно е мислењето дека ќе ослабете побрзо и ќе имате посилен стомак ако исфрлите млеко и јогурт од вашата диета, сепак, некои истражувања покажуваат дека млечните производи помагаат во растот на мускулите, што пак води до побрз метаболизам.
Вашите оброци не содржат протеини
Телото треба да одржува мускулна маса, затоа обидете се да внесете ореви, јогурт и различно месо во вашата диета.
Некои студии покажуваат дека со додавање протеини, консумирате до 35 проценти повеќе калории на ден.
Не јадете јаглехидрати
На вашето тело му требаат јаглехидрати (кои се извор на енергија). Затоа обидете се да вклучите добри јаглехидрати како моркови и пченка.