Пет видови кучиња кои се особено чувствителни на топлина

Сподели со своите пријатели

На кучињата им е потребна заштита од штетно сончево зрачење, а некои кучиња се особено чувствителни. Бидете внимателни кога го носите миленичето со вас на плажа или на прошетка.

Loading...

Еве типови кучиња на кои особено им пречи топлината.

Кучиња со бела влакна

Исто како што луѓето со екстремно бела кожа полесно горат на сонце, така и кучињата чии влакна се бели или многу светли се почувствителни на штетните сончеви зраци отколку оние со темни влакна. Прашајте го вашиот ветеринар какво средство за сончање би било најдобро за вашето домашно милениче.

 

 

Кучиња со кратки влакна

Loading...

Една од функциите на крзното на кучето е да го заштити од штетни сончеви зраци, а кај кучињата со кратко крзно оваа заштита е послаба. Бидете внимателни, заштитниот агенс што го користите да не содржи цинк оксид затоа што е токсичен за кучињата и може сериозно да ги оштети црвените крвни зрнца, за што може да биде потребна трансфузија на крв.

Кучиња без влакна

Ова може да биде повеќе од очигледно, но сигурно е важно да се напомене дека овие кучиња мора да бидат заштитени од сонцето. Кучиња без влакна како што се кинеското куче, мексиканското куче без влакна и перуанското куче треба да не поминуваат премногу време на директна сончева светлина.

 

 

Кучиња со светла муцка

Кучињата со светла муцка имаат помалку пигменти, што значи дека се изложени на поголем ризик од штетно сончево зрачење. Дури и ако вашето куче има густа коса на скоро целото тело, ветеринарот може да препорача да се нанесе заштитно средство на делови од телото кои не се покриени со крзно, како што се стомакот и носот.

Loading...

Кучиња кои сакаат да лежат на сонце

Куче што лежи на сонце, може да биде слатка глетка, но може да биде многу штетно. Ветеринарите предупредуваат дека кучињата кои сакаат да лежат на сонце се особено склони кон развој на сквамозни клетки во областа на желудникот.

 

Leave a Reply