Пет совети како да бидете здрави и сити

Сподели со своите пријатели

За време на празниците главо уживаме и не внимаваме што јадеме и колку јадеме и пиеме. Сепак се треба да биде умерено.

Не брзајте. Споро сожвакувајте и уживајте во секое парче храна, затоа што така ќе ја почувствувате вистинската арома на храната и побргу ќе се заситите.

Обидете се од изобилието на масата во чинијата да ставите повеќе зеленчук, а помалку тешка храна.

Чувството на глад е предизвикан од дехидратација, а чаша вода или чинија супер ќе ги ублажи овие симптоми и нема да се прејадете.

Чај од нане може да ви помогне по обилните оброци затоа што ја подобрува продукцијата на желудочните сокови и на тој начин го подобрува варењето.

Доколку претходната вечер сте прејаделе, немојте да го прескокнувате појадокот, затоа што во текот на денот может ед апочувствувате голема желба за храна.

Обрнете внимание на…

Крвниот притисок

Солената и масна храна може да доведе до покачен крвен притисок, а тоа може да доведе до сериозни компликации. Претерувањето со јадење и пиење може да предизвика трајни последици врз вашето здравје, затоа бидете умерени.

Слатки

Доколку сте од оние кои не можат да одолеат без десерт или слатки работи тогаш потрудете се остатокот од денот да го минете во прошетка, а не сместени во фотелја. Шетањето или лесна физичка активност делумно ќе ги намали последиците од внесување премногу благо.

Камен во желудник

Лицата кои птенцијално патат од болки предизвикани од чир или камен на желудникот поради лоша или обилна исрахана мораат да се придржуваат до диета дури и за време на празниците.  Изберете сами, или ќе внимавате што ќе јадете или ќе уживате во обилен оброк со ризик од напад на болки.

 

Loading...