Најинтелигентните луѓе можат да делуваат како се да им оди од рака и да поминуваат далеку подобро во животот од оние просечно интелигентните, но тоа не е секогаш така, пишува Lifehack. Ова се петте работи со кои најинтелигентните луѓе најмногу се борат.
Под поголем притисок се да успеат
Затоа што се чувствуваат „посупериорни“ од останатите луѓе очекуваат и дека нивниот живот оди во поинаква насока. Тоа вклучува подобра кариера, повеќе пари и квалитетни односи. Ако нешто од ова тргне по зло, зпаочнува да се чувствува дека е под се поголем притисок и често започнуваат да грижат и да се обвинуваат себе си.
Потешко склопуваат пријателства
Интелигентните луѓе бараат интелигентни луѓе и затоа кога запознаваат некој нов поставуваат и такви прашања. Ако личноста не се вклопува во нивниот шаблон, многу им е тешко да се поврзат, дури и ако втората личност има многу други квалитети. Поради тоа се интелигентни луѓе често се осамени.
Претерано размислување може да ги парализира
Интелигентните луѓе се познати по тоа што премногу анализираат работите и одлуките кои ги носат. Причината е тоа што тие често се и големи перфекционисти, па баш таквото претерано размислување често може да ги парализира при донесувањето одлуки.
Луѓето со оваа карактеристика поседуваат највисока форма на интелигенција

