Од интелигентните луѓе секогаш се очекува да бидат најдобри, без разлика за што станува збор. Како резултат на тоа, тие често чувствуваат притисок од општеството и немаат со кого да разговараат за нивните слабости и несигурности
1. Паметните луѓе често размислуваат повеќе, наместо да чувствуваат
Интелигентните луѓе честопати имаат проблеми да не почувствуваат олеснување кога изразуваат емоции. Имено, тие повеќе ги изразуваат своите емоции на вербален начин, додека помалку интелигентните се обидуваат да ги изразат преку физички реакции, на пример, со удирање, трчање, врескање, плачење, танцување или скокање од радост.
2. Луѓето секогаш очекуваат да бидат врвни во сe
Од интелигентните луѓе секогаш се очекува да бидат најдобри, без разлика за што станува збор. Како резултат на тоа, тие често чувствуваат притисок од општеството и немаат со кого да разговараат за нивните слабости и несигурности.
Проблемот се појавува и кога родителите очекуваат премногу од своите паметни деца. Имено, поради големите способности на нивните деца, родителите често знаат да се фокусираат на она што ќе го прават нивните деца, наместо да се фокусираат на она што всушност се нивните деца.
3. Можеби никогаш нема да научат да ја ценат вредноста на напорната работа
Многу паметни луѓе честопати имаат чувство дека можат да поминат со многу помал напор од другите. Но, високиот коефициент на интелигенција не секогаш води директно до успех.
Интелигенцијата може да стане проблем за луѓето кои откриваат дека ја имаат и не мора да работат напорно како другите за да успеат, и затоа никогаш не развиваат добра работна етика.
Научниците исто така тврдат дека интелигентните имаат чувство дека не треба да работат напорно за да го постигнат она што го сакаат.
4. Луѓето можат да се лутат ако постојано се исправаат
Кога интелигентен човек ќе забележи дека неговиот соговорник кажал нешто сосема неточно, тешко му е да ја задуши потребата за појаснување или исправка.
Но, сепак е важно да се биде свесен за фактот дека другите луѓе можат да бидат збунети и навредени од таквото однесување, и дека тогаш постои ризик да се загуби пријател. Ако ги поправате луѓето секој пат кога разговарате со нив, тие ќе престанат да се дружат со вас или да разговараат со вас.
6. Тие разбираат колку не знаат
Суперинтелигентните луѓе честопати се свесни дека навистина не знаат многу, и колку и да се трудат, секогаш ќе има нешто што нема да го знаат. Овој вид на набудување, иако е добар, исто така, може да биде фрустрирачки, бидејќи колку повеќе учите, толку сте посвесни колку повеќе всушност треба да научите.