Пет причини зошто морковите се клучна суперхрана за вашето здравје

Сподели со своите пријатели

Морковот, скромно коренско растение, изненадува со своето богатство на хранливи вредности и станува клучна состојка за зачувување на здравјето.

Loading...

Според препораките на основачот на компанијата Real Nutrition, докторката и нутриционистка Ејми Шапиро, конзумирањето на органски одгледани моркови е особено важно поради неговата способност да апсорбира пестициди од почвата.

Дури и ако изберете неоргански моркови, измијте ги и излупете ги темелно пред да ги консумирате.

Еве неколку клучни причини зошто треба да го вклучите морковот во вашата исхрана:

Здравје на очите

Богати со бета каротен, морковите обезбедуваат важен витамин А кој е клучен за одржување на здравјето на очите и добриот вид.

Редовното консумирање моркови може да го намали ризикот од макуларна дегенерација.

Поддршка на здравјето на кожата

Витаминот А од морковот игра важна улога во заштитата на здрава кожа.

Истражувањата покажаа дека луѓето кои консумираат повеќе витамин А и каротеноиди имаат намален ризик од рак на кожата.

Loading...

Влакна за здрави црева

Морковите се богати со влакна, кои се неопходни за одржување на здрав дигестивен систем.

Овие влакна помагаат во спречување на запек и придонесуваат за чувство на ситост.

Здравје на срцето

Калиумот во морковот го поддржува здравјето на срцето и крвните садови.

Фитонутриентите како каротеноидите и полифенолите обезбедуваат антиоксидантна заштита и помагаат во спречување на кардиоваскуларни болести.

Стабилизирање на нивото на шеќер во крвта

Морковите не предизвикуваат значителни флуктуации на гликозата во крвта, што ги прави погодни за дијабетичари и за сите кои сакаат да одржат стабилно ниво на шеќер во крвта.

За да ги искористите сите благодети на морковите, се препорачува да консумирате две до три шолји од зеленчукот дневно.

Морковите можете да ги јадете сирови, печени, да ги додавате во салати или сосови, па дури и да ги мелете и додадете во месо.

Со своето богатство на хранливи материи, морковите се одличен додаток на секоја исхрана која придонесува за зачувување на здравјето и виталноста.

Loading...