Пет пожари вчера во Куманово и околината

Сподели со своите пријатели

Пет пожари изгаснале вчера кумановските пожарникари на локации во Куманово и Липково, информираат од РЦУК.

Loading...

Првата интервенција била на опожарена сува трева во атарот на селото Лојане. Таму горела површина од околу седум хектари. Интервенирале тројца пожарникари во период од 11:13 до 14:00 часот.

Кај локалитетот Ново Куманово горела сува трева при што интервенирале двајца пожарникари во период од 12:30 до 13:30 часот.

Третата интервенција исто така била на запалена сува трева, но овој пат во атарот на липковско Слупчане. Тројца пожарникари го гаснеле огнот од 17:10 до 18:30 часот.

И во селото Речица горела сува трева. Таму во период од 21:20 до 22:40 часот интервенирале тројца пожарникари.

Сува трева и стрниште гореле и во атарот на Агино село и Брзак. Таму четворица пожарникари го гаснеле пожарот од 22:40 до 23:55 часот.

Никола Ивановски