Пет интервенции бележат кумановските пожарникари во текот на изминатото деноноќие, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Првата интервенција била на опожарена сува трева и стрниште во атарот на Агино село. Таму интервенирале тројца пожарникари во период од 08:40 до 11:50 часот.
Според информациите на РЦУК опожарена била поголема површина, но се уште немаат прецизни податоци.
Сува трева горела и кај месноста Стари лозја. Таму тројца пожарникари интервенирале во период од 16:10 до 16:50 часот.
Сува трева и стрниште гореле и во атарот на селото Отља. Четворица пожарникари го гаснеле огнот во период од 16:50 до 19:45 часот.
На улицата „Анѓа Ранковиќ“ тројца пожарникари гаснеле дива депонија на која горел смет. Интервенцијата траела од 18:50 до 19:30 часот.
Смет и сува трева гореле и во атарот на селото Матејче, каде во период од 20:45 до 22:45 часот интервенирале четворица пожарникари.
Никола Ивановски