На пет различни пожари интервенирале вчера кумановските пожарникари, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи.
Во населбата Долно Којнаре горела сува трева. Во период од 10:55 до 11:30 часот интервенирале двајца пожарникари.
Во населбата Перо Чичо била запалена сува трева. Седум пожарникари со три противпожарни возила го гаснеле огнот во период од 12:20 до 15:40 часот.
На улицата „Индустриска“ во населбата Бедиње се запалил отпад каде бил опожарен поголем објект за резервни делови и ниска вегетанција. Дури 13 пожарникари со пет противпожарни возила го гаснеле огнот од 17:55 часот па се до 02:05 часот по полноќ. Причината за избувнувањето на огнот, како и висината на материјалната штета дополнително ќе се утврдува.
Два пожари имало и во липковско Ваксинце. И во двата случаи горела сува трева, а интервенирале кумановските пожарникари.
Никола Ивановски