Пет пожари вчера низ кумановско

Сподели со своите пријатели

Пет интервенции во текот на изминатото деноноќие бележат пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Куманово.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 10:00 до 10:20 часот двајца пожарникари гаснеле запалено старо дрво во Градскиот парк.

На улицата „11 Ноември“ двајца пожарникари гаснеле запален контејнер во период од 17:10 до 17:30 часот.

Во атарот на селото Табановце горела сува трева и стрниште. Таму огнот го гаснеле четворица пожарниакри во период од 17:35 до 22:35 часот.

Сува трева и стрниште гореле и во атарот на селото Љубодраг. Таму гаснеле тројца пожарникари од 20:45 до 22:30 часот.

Во атарите на селата Брзак и Умин дол интервенирале четворица пожарникари на запалени стрништа. Опожарена била површина од околу 150 хектари, а интервенцијата која вчеравечер во 23:50 часот утринава се уште била активна.

Никола Ивановски