Пет нови случаи во Куманово, два во Липково

Сподели со своите пријатели

Центарот за јавно здравје Куманово во текот на изминатото деноноќие регистрира седум нови случаи на коронавирус.

Loading...

Како што информираше директорот на ЦЈЗ Куманово др. Ариф Љатифи, од новите случаи, пет се од Куманово, а два од Липково.

Во последните 24 часа се направени 1.535 тестирања, а регистрирани се 129 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје – 45, Куманово – 7, Дебар – 1, Штип – 25, Прилеп – 4, Тетово – 9, Струга – 5, Битола – 6, Охрид – 3, Кавадарци – 1, Гостивар – 9, Кочани – 3, Демир Хисар – 1, Делчево – 1, Свети Николе – 3, Кичево – 6. Починати се шест пациенти, пет од Скопје и еден од Струга, објави на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.

Институтот за јавно здравје регистрира 109 оздравени пациенти од: Скопје – 60, Куманово – 7, Штип – 16, Прилеп – 1, Тетово – 12, Велес – 4, Кавадарци – 2, Гостивар – 6, Виница – 1. Досега во земјата се направени вкупно 92550 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9.797, бројката на оздравени пациенти е 5.254, на починати е 451, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.092, напиша Филипче.

Leave a Reply