Пет нови случаи на коронавирус, бројката се искачи на 31 заболен

Сподели со своите пријатели

Пет нови случаи на коронавирус попладнево се регистрирани во Македонија.

Loading...

Четири лица од новите, се здравствени работници од Дебар, а петиот слуачај е сопруга на еден од оние кои утринава беа хоспитализирани, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

– Имаме пет нови случаи од кои 4 здравствени работници од Дебар. Со ова вкупната бројка на заболени во нашата земја изнесува 31. Од петте нови, освен четирите здравствени работници позитивен е тестот на сопругата на утрово дијагностицираниот пациент, кој тест го потврдивме од Жан Митрев и таа ќе биде на КИБ. Другите четири се здравствени работници од приватна здравствена установа од Дебар, дел се носители само позитивни, веројатно ќе ја развијат болеста и беа скренирани како дел од поширок скрининг кој започна во овој регион, изјави министерот Филипче.

Утре во клиниката во Дебар ќе има нови двајца лекари кои ќе се придржат на тамошниот епидемиолог и тројца инфектолози.

Поддршка за здравствените работници упати министерот Филипче.

– Нема да има оправдување за ниту еден кој нема да се придржува до мерките на Владата, мора да биде нивото на свест за овие одлуки исклучително висок, затоа што од тоа зависи јавното здравје, битно е за здравствените работници затоа што тие треба сега како што требале порано и понатаму кога овие моменти ќе бидат далечно минато. Тие имаат семејства, се грижат за нив, макотрпно работат, се жртвувале во животот и се едуцирале за да помагаат на нашите сограѓани. Упатувам порака до колегите дека трудот, напорот и улогата кои се даваат се непроценливи, затоа мора да водиме грижа за сите нас, а за граѓаните ја повторувам пораката останете дома и придржувајте се до мерките за заштита и превенција, рече Филипче.

Со новите пет случаи, бројката на заболени во земјава се искачи на 31.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply