Низ Јапонија можат да се видат огромен број музеи, кои се интересни и уникатни од сите останати во светот, но во продолжение ви пренесуваме пет од нив кои навистина вреди да се посетат.
Уметнички музеј Мори, Токио
Ова е секако еден од музеите што најбрзо впива се што е ново и го презентира пред својата публика. Овој музеј нема постојана колекција, но постојано ги следи трендовите и објавува само тековни дела. Овде можете да најдете слики, фотографии, видеа, како и опрема за изолација и реквизити за перформанси.
Музеј на отворено Хаконе, Канагава
Овој град е на час возење од Токио и нуди седум хектари површина музеј на отворено, покрај шумските ридови и планини. Тука се скулптурите на Хенри Мур и Огист Роден, како и на Пикасо. Планината Фуџи е близу, што е причина повеќе да се дојде овде.
Национален музеј Кофокуџи, Нара
Музејот е сместен во традиционална јапонска зграда, а поставката е збирка на будистички дела, која вклучува статуи, книги, слики, ѕвона од храмови и ритуални реквизити. Најстариот предмет што ја поседуваат е од периодот Асука, кој траел од средината на 6-ти до почетокот на VIII век.
Сапоро Арт Парк, Хокаидо
Сапоро е најголемиот град во северниот дел на Јапонија. Во овој парк се сместени и Музејот на уметноста и Градината за скулптури, во кои има 74 скулптури. Посетите во градината се прават од април до ноември, па затоа не е можно да се прошетате низ скулптурите во зимската идила.
Музеј Сумида Хокусаи, Токио
Зградата на музејот би можела да биде изложба само по себе, заради нејзината модерна архитектура и дизајн. Во музејот се наоѓа изложба на историја на уметноста, како и дел посветен на уметникот Хокусаи, познато по неговите дела на Црвениот Фуџи и Големиот бран на Канагава.