Пет тинејџери беа повредени во пукотница во станбен комплекс во Ел Пасо, Тексас, соопшти полицијата денес.
Група луѓе надвор од комплексот делувала како да се спрема за тепачка кога еден маж почнал да пука во толпата синоќа, изјави Адриан Циснерос, полицаец од полициската станица Ел Пасо, според ABC News.
Две девојчиња и три момчиња, на возраст меѓу 15 и 17 години, беа однесени во болници.
Едно од повредените лица може да има повреди опасни по живот, додека другите не добиле сериозни повреди.
Полициските службеници имаат 15-годишен тинејџер во притвор, но сè уште не утврдиле дали тој е сторителот, рече Циснерос.
Ел Пасо се наоѓа во близина на границата меѓу САД и Мексико.