Пет локации во кумановско утре без струја

Сподели со своите пријатели

Вкупно пет населени места во кумановскиот крај утре ќе се соочат со прекини во дистрибуцијата на електрична енергија, како резултат на најавите од ЕВН Македонија.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 08:15 до 15:30 часот без електрична енергија ќе останат жителите на населбата Вера Которка, додека во период од 09:00 до 15:00 часот прекини во снабдувањето се најавени за селата Руѓинце, Сув Орах, Карпино и Облавце.