Пет лица загинаа во падот на хеликоптер Ми-8 во регионот Хабровск на рускиот Далечен Исток, а во таа несреќа немаше преживеани, соопшти денес руското Министерство за вонредни ситуации.
Loading...
Во соопштението се наведува дека остатоците од Ми-8 се пронајдени во близина на ’ртот Гадикан, објави РИА Новости.
Хеликоптерот исчезна во понеделник вечерта на пат од Охотск кон Магадан по поправките.
Како што изјави Рускиот истражен комитет за РИА Новости, Ми-8 не испратил сигнал за помош.