Пет лица на возраст од 20 до 22 години биле приведени вчеравечер под сомнение дека физички нападнале две лица во кумановската населба Карпош.
Loading...
– На 21.08.2025 во 13:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Н.П.(21), Д.П.(21), М.Р.(20), П.М.(22) и К.К.(22), сите од Куманово. Тие се сомничат дека на 17.08.2025 во близина на угостителски објект во населба Карпош во Куманово физички ги нападнале Л.Ј.(20) и Н.С.(21), двајцата од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што стои во соопштението на СВР Куманово, по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Никола Ивановски