Пет лица се тепале пред угостителски објект во Младо Нагоричане

Сподели со своите пријатели

Пет лица го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка на паркинг простор пред угостителски објект во селото Младо Нагоричане.

– На 26.12.2025 во 00:30 часот во Полициското одделение Старо Нагоричане е пријавено дека на паркинг простор на угостителски објект во с.Младо Нагоричане, општина Старо Нагоричане бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.С.(23) и А.С.(22), двајцата од с.Љубодраг, кумановско, од една страна и  Ф.Б.(35), 30-годишната А.Б. и 34-годишната Х.Ј., сите од Куманово, од друга страна, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец нападнал сограѓанин на магистралата Куманово – Свети Николе

Никола Ивановски