Пет лица на возраст меѓу 18 и 22 години биле приведени викендов под сомнение дека нападнале три други лица во угостителски објект во Куманово.
Loading...
– На 10.08.2025 година во 04.45 часот полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Д.Т. ( 22), Н.Т. (22), Д.Б. ( 20), А.Т. (21) и П.Д. (18) од Куманово, затоа што во угостителски објект во населба „Карпош“ физички ги нападнале М.А. Д.А. и К.А., информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.
Никола Ивановски