Пет лица приведени по групна тепачка во Гарнизон

Сподели со своите пријатели

Пет лица биле приведени по групна тепачка која ноќва се случила во Гарнизон во Куманово, информираат од полицијата.

Loading...

– На 14.08.2025 година во 00.10 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Р.А. (26), Х.Р. (21), З.Е. (22), А.Р. ( 32) и Ш.Ш. (19) сите од Куманово, затоа што во угостителски објект на улицата „Гоце Делчев“ во Куманово физички нападнале неколку лица и оштетиле инвентар во објектот, велат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  14-годишник од Куманово ќе се гони за шест „тешки кражби“

Според информации на Кумановски Муабети, тепачката се одвивала меѓу две групи кои седеле во два различни угостителски објекти лоцирани во зградата на Гарнизон, при што неколку лица биле повредени и им била укажана и лекарска помош.

Никола Ивановски