Вчера во 13.00 часот во Полициската станица Гази Баба, С.А. (25) од Куманово пријавил дека истиот ден околу 09.10 часот, додека се движел со патничко моторно возило марка „Сеат Кордоба“ со кумановски регистарски ознаки, заедно со неговиот татко , патот му го попречило возило марка „Тојота“ со скопски регистарски ознаки.
Како што стои во извештајот на Министерството за внатрешни работи, од возилото излегле пет непознати лица, кои дошле до неговото возило и почнале да го удират со клоци, при што ја оштетиле предната лева врата. Потоа ја отвориле истата врата и почнале да го удират со тупаници и клоци, по што го напуштиле местото.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.