Пет лица, од кои едно потешко биле повредени во сообраќајна незгода што вчера се случила на патот Куманово – Скопје кај селото Љубодраг.
– На 03.02.2026 околу 10:55 часот во СВР Куманово е пријавено дека на регионалниот пат Куманово- Скопје, во с.Љубодраг, кумановско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.А.(47) од с.Љубодраг, кумановско и патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(51) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во несреќата, како што додаваат од полицијата, со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „шкода“, додека со телесни повреди неговите сопатници Т.Р.(49) од Куманово, М.Ј.(49) од с.Черкези, кумановско, возачот на патничкото возило „ауди“ и неговата сопатничка О.Ц.(45) од Куманово.
– При извршен увид од увидна екипа на СВР Куманово и проверка е констатирано дека возачот на патничкото возило „ауди“, М.А. го управувал возилото без да поседува возачка дозвола, потенцираат од МВР.
По целосно документирање на настанот, од полицијата најавуваат соодветна пријава.
Никола Ивановски

