Пет лица обвинети во Германија за помагање на Исламската држава

Сподели со своите пријатели

Германското федерално јавно обвинителство покрена обвинение против пет лица за собирање донации во вкупна вредност од над 250.000 евра за терористичката организација Исламска држава (ИД).

Loading...

„Федералното обвинителство ги обвинува инволвираните за собирање пари од Сирија во име на двајца членови на ИД од 2020 до 2022 година. Апелите за донации биле испратени преку онлајн сервисот Телеграм. Планирано било средствата да бидат искористени за откуп на заробените членови на ИД кои се чуваат во логорите Ал Хол и Рој“, соопштија градските власти во Карлсруе.

Тие наводно го прекршиле и Законот за надворешна трговија и плаќања, се додава во соопштението, а пренесува порталот „Auschidlerbote.de“.

Како што се наведува, мрежата вклучувала финансиски посредници кои собирале пари и издавале фактури за дигитални донации.

Сенатот за државна безбедност на Вишиот регионален суд во Дизелдорф мора да одлучи дали на трите жени и двајцата мажи, од кои повеќето се германски државјани, ќе им се суди.

Сите обвинети се во притвор од 31 мај годинава.

Според Канцеларијата за заштита на уставниот поредок, во Германија живеат 27.480 лица за кои се верува дека се радикални исламисти.

Кон крајот на мај, федералното обвинителство уапси седум осомничени поддржувачи на исламисти во Северна Рајна-Вестфалија, Баден-Виртемберг, Рајна-Пфалц и Бремен.

Loading...

Претреси беа извршени во неколку сојузни држави.

Според последното соопштение, постапката против двајцата осомничени поради помала важност е префрлена во Основното јавно обвинителство во Дизелдорф, пренесува Танјуг.