Пет лица, меѓу кои двајца полицајци, убиени во Мексико

Сподели со своите пријатели

Најмалку двајца полицајци и тројца цивили се застрелани во заседа во јужната мексиканска држава Оахака, соопштија денеска властите.

Loading...

Заседата била направена вчера попладне во близина на засолниште за птици во областа Микстек, во последната ескалација на спорот меѓу двата локални града.

Полицајци и локални функционери беа во посета на Сан Мигел Ел Гранде за да го решат последниот територијален спор кога беа нападнати од вооружена група.

Загинаа двајца полицајци, двајца локални службеници и еден цивил. Ранети се уште двајца полицајци.

Како одговор на нападот, денеска во областа беа испратени повеќе од 100 припадници на Националната гарда и на Канцеларијата за државна безбедност.

Обвинителот на Оахака отвори истрага.

Жителите на градот Лано де Гаудалупа со месеци се во спор со Сан Мигел Ел Гранде, кој се наоѓа на 22 километри.

Во септември, мештаните на Лано де Гвадалупе киднапираа четири лица од Сан Мигел Ел Гранде и тие беа ослободени по разговори со државните власти, објавија локалните медиуми.

Loading...