Пет лица казнети за неносење маска вчера во Куманово

Сподели со своите пријатели

Пет лица во текот на изминатото деноноќие биле казнети во Куманово поради прекршување на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето.

Loading...

– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (15.06/16.06.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 16 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Од вкупниот број издадени прекршочни налози во Куманово има 5, во Крива Паланка 3 и во Кратово 8.

За истите, како што појаснуваат од Секторот за внатрешни работи Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.

Никола Ивановски

Leave a Reply