Пет камиони со хуманитарна помош на ОН влегоа во Газа по тримесечна блокада

Сподели со своите пријатели

Израел соопшти дека дозволил пет камиони на ОН кои превезуваат хуманитарна помош, вклучувајќи и храна за бебиња, да влезат во Појасот Газа по 11-неделна блокада.

Loading...

Велика Британија, Франција и Канада се закануваат со „конкретни акции“ против Израел, вклучително и санкции, поради неговите активности во Газа и на Западниот Брег.

Шефот на хуманитарната организација на ОН го поздрави потегот, но нагласи дека тоа е само „капка во морето од она што е итно потребно“ за 2,1 милиони Палестинци на територијата разурната од војна, каде што светските експерти предупредуваат на претстојниот глад, јавува Би-Би-Си.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израел ги разнесува во воздух претходно срушените згради во Газа (ВИДЕО)

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му нареди на преговарачкиот тим да остане во Доха барем уште еден ден, и покрај застојот во разговорите за заложниците, објавија локалните медиуми.

„Остануваме за да не ги навредиме САД. Не би било добро Израел да ја напушти Доха пред Хамас“, рече еден израелски функционер, објави „Тајмс оф Израел“.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата одлука привремено да дозволи внесување на „минимална“ количина храна дошла по притисокот од сојузниците во американскиот Сенат.

„Не смееме да дојдеме до ситуација на глад, ниту од практична, ниту од дипломатска гледна точка“, нагласи тој во видеото како одговор на критиките за потегот во Израел.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ако за 48 часа не стигне помош во Газа, 14.000 бебиња би можеле да умрат

Нетанјаху рече дека испораките на храна ќе продолжат само додека израелската војска и приватните компании не формираат центри за дистрибуција на помош според планот поддржан од САД, а ОН го отфрли.

Loading...

Тој, исто така, рече дека израелските сили ќе „ја преземат контролата врз сите области“ на Газа како дел од проширената копнена офанзива против Хамас што израелската војска ја започна во неделата.

Велика Британија, Франција и Канада се закануваат со „конкретни акции“ против Израел, вклучително и санкции, поради неговите активности во Газа и на Западниот Брег.

Во заедничката изјава на овие три земји остро се критикува одлуката на Израел да дозволи ограничена, „основна“ количина помош за Газа по речиси тримесечна израелска блокада, која беше „целосно несоодветна“, пренесува АП.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нетанјаху нареди преговарачкиот тим да остане во Доха и покрај застојот во преговорите

Во соопштението, исто така, се повикува Израел да ги запре своите „скандалозни“ нови воени акции во Газа и веднаш да дозволи влез на хуманитарна помош.