Пет камери, од кои една со 108 мегапиксели, новиот модел на Xiaomi (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Xiaomi Mi CC9 Pro, долгоочекуваниот кинески-модел, кој се појавува често во тизер фотографии во последните неколку месеци, конечно беше официјализиран.

Loading...

Телефонот ќе има пет камери на задниот дел, главната опремена со 108 мегапиксели.

Новиот Xiaomi е придвижуван од осум-јадрен процесор Snapdragon 730G, чии две јадра работат со 2,2 GHz.

Уредот е опремен со 6,47 инчен супер AMOLED дисплеј, резолуција Full HD +, со сооднос 19,5:9.

Екранот има заоблени рабови и има агол во форма на капка вода, во кој се наоѓа селфи камера од 32 MP (F / 2.0).

Најмногу од сè, CC9 Pro го прави привлечен системот на кмаери, кој се состои од пет сензори и четири LED блицови.

Камерата со 108MP користи сензор Samsung ISOCELL Bright HMX, развиен заеднички од страна на јужнокорејската компанија и Xiaomi, кој претходно беше користен на Mi Mix Alpha.

Телефото-камерата, со оптичка поддршка за стабилизација на слика (OIS), има оптички можности за зумирање од 5X и дигитални до 50X. Исто така, има и 20MP ултра широк сензор, со агол на покривање од 117 степени.

Loading...

Исто така, има сензор од 1/1,33 инчи кој му овозможува на уредот да фотографира екстремно детални фотографии при слаба осветленост.

Најмалата камера, последна по ред, е опремена со макро сензор и е наменета за оддалеченост од само 1,5 сантиметри.

Петтата камера е за портрети и е опремена со сензор од 12 MP и 2X зум.

Xiaomi Mi CC9 Pro се напојува со импресивна батерија од 5260mAh, со полнач од 30W кој може да наполни до 58% за 30 минути, до 100% за само 65 минути.

Телефонот користи Android 9 Pie и MIUI 11 интерфејс, и ќе биде достапен во 6 GB/128 GB и 8 GB RAM и 256 GB меморија.

Xiaomi Mi CC9 Pro доаѓа во три бои: Aurora Green, Glacier White и Blacknight Midnight.

Телефонот е достапен за нарачка од денес, а со продажба во Кина да започне на 11-ти ноември.

Цената на новиот премиум Xiaomi во Кина е околу 400 американски долари за моделот 6 GB / 128 GB, околу 440 долари за 8 GB / 256GB и околу 500 американски долари за 8 GB / 256GB Premium Edition.

Loading...

Leave a Reply