Мексиканските власти утринава соопштија дека пронашле пет јагленосани тела во едно село во јужниот дел на Мексико.
Loading...
Локалното обвинителство соопшти дека телата биле откриени во вторникот во државата Гереро и дека жртвите не се идентификувани.
На местото на настанот се испратени припадници на полицијата и армијата, како и форензичари.
Државата Гереро е позната по плажите на Пацификот, но и по насилството на картелите кои се натпреваруваат за превласт во трговијата со дрога.