Пет интервенции вчера бележат кумановските пожарникари

Сподели со своите пријатели

Пожарникарите на Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на вчерашниот ден бележат пет интервенции, претежно на опожарена сува трева.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи првата интервенција била на опожарена сува трева во атарот на селото Биљановце во период од 14:35 до 15:20 часот. Интервенирале тројца пожарникари.

Сува трева горела и во близина на Филтер станицата за вода, каде во период од 15:20 до 15:55 часот интервенирале двајца пожарникари.

Во период од 16:10 до 19:30 часот сува трева била гаснета во атарот на селото Ваксинце.

Повик за интервенција кумановските пожарникари вчера добиле и од Ургентен центар Куманово каде интервенирале четворица пожарникари на пожар настанат поради неисправна електрична инсталација. Интервенцијата траела во период од 17:50 до 18:05 часот.

На улицата „Црнотравска“ изгоре трафостаница. Таму исто така интервенирале четворица пожарникари во период од 19:25 до 20:00 часот.

Leave a Reply