Пожарникарите од Територијалната против пожарна единица Куманово викендов бележат пет интервенции, гаснеле сува трева, жито, смет, но и еден автомобил.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во атарот на селото Бељаковце горела сува трева. Во интервенцијата учествувале тројца пожарникари со едно противпожарно возило.
Сува трева и смет гореле на локацијата Пчински пат, каде исто така тројца пожарникари интервенирале во период од 15:30 до 16:10 часот.
Во меѓувреме жито горело на локацијата Поток Серава, каде тројца пожарникари интервенирале во период од 16:30 до 17:10 часот.
Сува трева горела и на Спомен Костурница. Таму двајца пожарникари интервенирале во период од 16:46 до 17:25 часот.
Четворица пожарникари гаснеле запален автомобил кај поранешниот хотел „Милано“. Со едно противпожарно возило тие интервенирале во период од 17:15 до 17:35 часот.
Никола Ивановски