Пет интервенции имале кумановските пожарникари вчера

Сподели со своите пријатели

Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Куманово вчера бележат епт интервенции, сите на запалена сува трева.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, сува трева, тројца пожарникари со едно противпожарно возило гаснеле вчера во атарот на селото Режановце во период од 19:20 до 20:00 часот.

Во селото Ваксинце исто така горела сува трева. Таму интервенирале четворица пожарникари со едно противпожарно возило во период од 20:10 до 21:35 часот.

Сува трева горела и во селото Лопате. Таму во период од 20:30 до 23:40 часот на терен активно пожарот го гаснеле тројца пожарникари со едно противпожарно возило.

Сува трева и дрва се запалиле вчера во атарот на Агино село. Тројца пожарникари го гаснеле огнот во период од 22:40 до 00:10 часот.

Интервенција имало и во близина на Дуле Комерц каде горела сува трева. Таму интервенирале двајца пожарникари во период од 23:20 до 04:25 часот.

ТППЕ Старо Нагоричане во текот на изминатиот период немаше интервенции, велат од РЦУК.

Никола Ивановски