Пет доживотни казни за убиецот на поранешниот премиер на Либан

Сподели со своите пријатели

Трибуналот за Либан денеска го осуди припадникот на Хезболах, Салим Џамил Ајаш на пет доживотни казни затвор за убиството на поранешниот либански премиер Рафик ал Харири.

Loading...

Ајаш е прогласен за виновен во август за тероризам и убиство на Харири и уште 21 човек. Него му се судеше во отсуство бидејќи се уште е во бегство.

Конвојот на поранешниот либански премиер Рафик Харири беше нападнат во Бејрут на 14 февруари 2005 година, при што загинаа 22 луѓе.

Марина Илиевска

Leave a Reply