Пет деца на возраст од две до девет години загинаа во пожар во Источен Сент Луис, Илиноис, соопштија пожарникарите.
Си – Ен – Ен известува дека две деца починале внатре во зградата, две во амбулантна кола и едно на пат кон болница.
Во зградата живееле неколку семејства, но сите деца што починале биле од исто семејство.
Мајката на децата отсуствувала, а кога се вратила неколку пати се обидела да влезе во запалената зграда за да ги спаси децата.
Никој друг не е повреден во пожарот. Причината за пожарот се испитува.

