Училиштата и владините објекти денеска беа затворени во Техеран и во неколку други градови во Иран поради песочната бура.
Loading...
Државната телевизија издаде предупредување за лошиот квалитет на воздухот и ги советува постарите, болните и децата да преземат мерки на претпазливост.
Ова е четврта силна песочна бура од средината на април и втор пат училишта и институции да бидат затворени поради тоа – претходниот пат беше во мај.
Техеран е меѓу најзагадените градови во светот. Експертите ја обвинуваат зачестеноста и интензитетот на најновите песочни бури на лошите владини политики и климатските промени.