Заштитата на суверенитетот на Русија во никој случај не значи изолација на земјата од остатокот од светот, изјави денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков во интервју за ТАС С пред Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург (СПИЕФ).
„Видовме дека во подготовките за форумот, рускиот претседател Владимир Путин се сретна со млади инженери, претприемачи, научници кои исто така ќе учествуваат на собирот и многу зборуваше за нашиот суверенитет, како технолошки, така и индустриски, комерцијален и слично. Претседателот даде важна забелешка дека нашиот суверенитет во никој случај не значи изолација“, рече Песков.
Тој нагласи дека обидите да се истисне Русија од светските настани се апсолутно безнадежни бидејќи, според него, тоа е „всушност невозможно“, пренесува Танјуг.
„Апсолутно е безнадежно и, всушност, невозможно да се исфрли Русија од меѓународниот живот, а развојот на настаните во изминатите месеци јасно го нагласува тоа“, заклучи Песков.