Песков: Санкциите на Западот се тешки, но ќе се избориме

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави за новинарите дека Русија планира да се справи со санкциите наметнати од западните земји, кои доведоа до рекорден пад на рубљата во однос на доларот и предизвикаа руската централна банка да ги удвои каматните стапки – од 9,5 проценти на повеќе од 20 проценти.

Loading...

„Западните санкции кон Русија се тешки, но нашата земја го има потребниот потенцијал да ја надомести штетата“, рече Песков, пренесува Би-Би-Си.

Тој додаде дека рускиот претседател Владимир Путин денеска „ќе се занимава со економски прашања“ и ќе се сретне со клучните министри, вклучително и министерот за финансии и гувернерот на централната банка.