Песков: САД ѝ ги предадоа на Русија параметрите на мировниот план

Сподели со своите пријатели

Вашингтон ѝ ги испрати на Москва параметрите на својот мировен план за Украина, адаптирани по консултациите меѓу САД и Украина во Женева, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Главните параметри се објавени, а следната недела ќе има разговор во Москва“, рече Песков, пренесува ТАСС.

Тој исто така рече дека Москва навремено ќе го објави точниот датум на пристигнување на претставникот на американскиот претседател Стив Виткоф во Москва, со кого руската страна ќе разговара за деталите од мировниот план.

На 23 ноември во Женева се одржаа преговори меѓу украински, американски и европски претставници за нацрт-мировниот план презентиран од Вашингтон за завршување на војната во Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Полициски претрес во куќата на Андриј Јермак, шефот на кабинетот на Зеленски

По преговорите меѓу делегациите на двете земји во Женева, Украина и Соединетите Американски Држави се согласија да продолжат да работат на заеднички предлози за мировен договор.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно објави дека американскиот план може да биде основа за украинско решение, пренесува Танјуг.