Песков: Русија не доби сигнали од САД за разговорот Трамп-Путин

Сподели со своите пријатели

Русија се уште не добила никакви сигнали од САД во врска со контактот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Loading...

Тој нагласи дека Путин се уште е подготвен да се сретне со Трамп за да разговараат за прашања кои се во интерес на двете земји, пренесува РИА Новости.

– Досега не сме добиле никакви сигнали од Американците. Значи, работиме, како што велат, по сопствен распоред. Подготвеноста останува. Истата подготвеност, колку што слушнавме, се одржува и во САД. Очигледно е потребно извесно време“, им рече тој на новинарите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шолц и данската премиерка се сретнаа по заканите на Трамп за Гренланд