Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Русија ги повикува сите актери на Блискиот Исток да покажат воздржаност во светлината на моменталната ситуација околу Иран.
Песков нагласи дека Москва продолжува да ги развива односите со Техеран, но во исто време апелира до „иранските пријатели, како и сите страни во регионот“ да избегнат ескалација и да покажат максимална одговорност, пренесе Спутник.
Зборувајќи за руско-иранските воено-поморски маневри, Песков истакна дека тоа се однапред планирани и редовни активности кои се координирани многу порано.
„Ова се редовни вежби кои беа договорени многу порано“, им рече тој на новинарите.
Претходно медиумите објавија дека високи функционери за национална безбедност го известиле американскиот претседател Доналд Трамп дека армијата е подготвена за потенцијални напади врз Иран уште во сабота, но дека временската рамка за евентуална акција најверојатно ќе биде продолжена по овој викенд, пренесува Танјуг.

