Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин ќе го реши проблемот со забавување на платформата Јутјуб во таа земја, но дека тоа во моментов не е приоритет.
Песков рече дека дел од прашањето зависи од позицијата на сопственикот на YouTube, кој, како што рече, не ги почитува законите на Руската Федерација, пренесе Интерфакс.
Тој посочи дека YouTube е должен да ја ажурира својата опрема и да се усогласи со руското законодавство, што компанијата не го прави.
„Позицијата на сопственикот на оваа услуга е насочена кон непочитување на законите на Руската Федерација. Тие не сакаат да ги почитуваат нашите закони, иако тоа е нивна должност“, рече Песков, пренесе Танјуг.
Тој додаде дека претседателот ќе разгледа и други аспекти на овој проблем, но дека „тоа не е приоритет“ во моментов.