Песков потврди дека Виткоф пристигнал во Русија

Сподели со своите пријатели

Специјалниот пратеник на Соединетите Американски Држави за Блискиот Исток, Стивен Виткоф пристигна во Русија, потврди портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Loading...

„Да, потврдувам, тој навистина пристигна“, изјави Песков за новинарите, пренесе ТАСС.

Песков додаде дека Кремљ навремено ќе обезбеди информации доколку рускиот претседател Владимир Путин се сретне со Виткоф.

Како што јави службата за следење „Флајтрадар“, авионот на Виткоф слетал во Санкт Петербург околу 10 часот по московско време.

Како што беше претходно наведено, Gulfstream G650ER, со кој Виткоф вообичаено лета, полета од Флорида и слета на рускиот аеродром Пулково околу 9:20 часот по московско време.

Порталот Аксиос објави дека Виткоф во текот на денот ќе се сретне со претседателот на Русија Владимир Путин.

Тоа ќе биде трета средба меѓу Виткоф и Путин, бидејќи Трамп се обидува да постигне примирје во војната меѓу Русија и Украина, пренесува Танјуг.

Како што објавија медиумите, Трамп бил незадоволен бидејќи преговорите не напредувале во последните недели, а во една прилика изјавил дека е „гневен“ поради коментарите на Путин за Украина.

Loading...

Минатата недела Виткоф беше домаќин на пратеникот на Путин Кирил Дмитриев во Вашингтон во обид да се надмине ќор-сокакот во преговорите, пишува „Аксиос“.