Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави денеска дека Русија е заинтересирана за разговори со САД за нуклеарното оружје, но додаде дека има мали шанси преговорите да се водат во овој момент.
Loading...
„Заинтересирани сме и веруваме дека преговорите и дискусиите на оваа тема ќе продолжат, со оглед на тектонските промени што ги гледаме… такви разговори се потребни во целиот свет“, изјави Песков за новинарите, пренесува Ројтерс.
Американскиот амбасадор во Москва Џон Саливан претходно денеска изјави дека Русија не треба да ја затвори американската амбасада и покрај кризата предизвикана од конфликтот во Украина, бидејќи Москва и Вашингтон, двете најголеми нуклеарни сили во светот, мора да продолжат да разговараат.